15. 05. 2020 09:20

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (15.5.2020)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (15.5.2020)

 Дневен хороскоп

Овен

Не се однесувајте незаинтересирани за информациите коишто ги добивате на работата, затоа што тие може да ви ја олеснат состојбата во којашто се наоѓате.

Она што го сакате ќе го постигнете ако посветите внимание и на вашиот физички изглед. Цело е кога има се'.

Бик

Потребно е да останете доследни во вашето размислување доколку сакате да смените нешто. Вашата несериозност понекогаш дава впечаток дека не ви е многу грижа за работите коишто ги барате.

Не ја отфрлајте љубовта на страна, таа ја потикнува креативноста во вас.

Близнаци

Има работи на кои немате многу влијание во професијата, но она на што имате влијание на оставајте го за подоцна.

Доколку денес сакате да имате добра комуникација со вашиот партнер обидете се да делувате поопуштено.

Рак

Не се ограничувајте со мислењата на само една личност, вие сте повеќестрана личност и токму тоа е вашата предност.

Не делувајте премногу нервозно пред партнерот.

Лав

Доколку вашите чувства го надвладуваат разумот, сигурно постои добра причина за тоа. Бидете во близина на личности кои ве мотивираат.

Денес ќе ви биде убаво во друштво на спротивниот пол и ќе сфатите дека и не е така тешко за да си исполните некоја желба.

Девица

Денес иако ќе сакате да помогнете, сепак другите тоа ќе го протолкуваат како наметливост. Бидете трпеливи, држењето на страна не значи дека вие не учествувате, туку значи стратегија на делување.

Вага

Не можете секогаш да влијаете на нечие мислење или пак да се однесувате дека вие знаете се'. Оставете ги понекогаш луѓето да постапат според нивното мислење, честопати и од грешките се учи.

Кога станува збор за љубовта, обидете се да поработите на самоконтролата.

Шкорпија

Понекогаш е навистина тешко да се признае поразот, но на тој начин се добива можност за нов почеток, без товар на грбот.

Не игнорирајте туѓо мислење само затоа што не ви се допаѓа на вас.

Стрелец

Овој петок ќе сакате да го искористите за одмор, меѓутоа постојано ќе наидувате на некои пречки поврзани со луѓе кои ви создаваат грижи.

Кога станува збор за љубовта, останете доследни на вашиот став

Јарец

Некоја личност којашто се наоѓа околу вас на некој начин ве компромитира, добро размислете за последиците пред да преземете чекор.

Понекогаш посакувате и повеќе од што е потребно, поработете на вашите критериуми.

Водолија

Иако не сакате станавте дел од некоја покомплицирана ситуација од која барате излез. Не грижете се, се' додека е чиста вашата совест решението ќе биде побрзо.

Избегнувајте ги ривалските односи кога станува збор за љубовта, тоа уште повеќе го оддалечува вашиот партнер од вас.

Риби

Избегнувајте комуникација со личности коишто имаат радикално поразлични ставови од вас, бидејќи може да резултира во поголем конфликт.

Потребна ви е емотивно стабилна личност и тоа постојано го потенцирате и барате.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk