06. 05. 2020 09:26

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (6.5.2020)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (6.5.2020)

 Дневен хороскоп

Овен

Овој ден советот до вас е да се наоружате со трпение, затоа што луѓето околу вас постојано ќе бараат да направите нешто, а за тоа ќе ви дадат многу краток рок.

Размислете што вие навистина сакате за да можете да бидете емотивно стабилни подолго време.

Бик

Бидејќи притисокот во последно време се намалува, тоа за вас ќе значи дополнително полнење на батерии и враќање во нормална состојба.

Кога станува збор за емотивниотивот очекувајте повеќе смеа и интересни случувања.

Близнаци

Ќе ви биде потребна додатна помош од соработниците околу вас, не бидете премногу горделиви и побарајте услуга.

Денес е убав ден за да и' покажете на саканата личност дека ви значи.

Рак

Ќе бидете дискретни и ефикасни во исто време. Вашата секојдневна рутина ќе почнете да ја менувате со стратегија која ќе ве однесе на патот на кој сакате.

Доколку сте сами не исклучувајте ја можноста дека можете да пуштите во својот живот некоја нова личност.

Лав

Имате стратегија како да ги поправите случувањата околу вас, но сепак потребни ви се и додатни финансии

Не обновувајте стари контакти овие денови кои можат да ве доведат до забуни.

Девица

Овој ден ќе делувате нескромно и ќе знаете да бидете нереални во очекувањата. Сите сакаат и очекуваат многу, меѓутоа реалноста е поинаква. Соочете се со неа.

Опуштете се и уживајте со саканиот.

Вага

Потребно е да разграничите што навистина е ваша работа, а што не е, за на работата да не се чувствувате премногу оптеретени и да не знаете за што се' сте одговорни.

Иако имате чувство дека нешто ви недостига, очекувајте љубовната криза да ви заврши побрзо.

Шкорпија

Секојдневната рутина е она што ве убива. Обидете се да направите нешто поинаку, односно да направите нешто кое подолго време го сакате. Со тоа не само што ќе си помогнете на себеси туку ќе внесете ведрина и во животите на другите.

Убав ден за почеток на промени.

Стрелец

Постојат различни гледишта помеѓу соработниците, а токму тоа кај вас предизвикува напнатост. Не дозволувајте некој да ве доведе до потег кој инаку не би го преземале.

Бидете мудри кога станува збор за изнесување на вашите емотивни страни.

Јарец

Потребно е да остварите заедничка комуникација со соработниците за да знаете што понатака. Неодлучноста оставете ја зад себе и насочете се кон иднината. Минатото е нешто кое треба да го оставите зад вас.

Со помош на вашата интуиција вие секогаш препознавате доколку вашиот живот се наоѓа во кризна ситуација.

Водолија

Иако вашите соработници се покажуваат како дволични, советот за вас е да не играте ниту на една страна, затоа што на тој начин нема да можете да изгубите. Дволичноста е краткотрајна слава.

Разбијте ја монотонијата со партнерот.

Риби

Околностите на љубовната сцена ве исполнуваат. Почнува се' да враќа на свое место.

Ќе имате можност за флерт, од вас зависи дали ќе се впуштите во таква авантура или ќе останете доследни на она што навистина ви значи.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk