29. 04. 2010 10:14

Филип Стевановски ја освои публиката

Филип Стевановски ја освои публиката

 Во преполната сала на Центарот на култура, публиката  двапати на бис го врати младиот тромбонист и неговиот квартет и со овации им оддаде признание за прекрасниот концерт.

 Кумановецот Филип Стевановски (22) го промовираше својот прв џез албум „Мит„ во родниот град. Пред публиката се претстави со авторска музика во различни стилови и ритмови: jazz,etno jazz,funk,swing,jazz bluez, но изведе и повеќе современи композиции на тромбон. Во преполната сала на Центарот на култура, публиката  двапати на бис го врати младиот тромбонист и неговиот квартет и со овации им оддаде признание за прекрасниот концерт.

Ова е моја втора промоција на албумот, откако пред неколку дена го промовирав во Скопје. Драго ми е што како гости настапија Ирена Крстевска, позната џез пеачка и Александар Белов, но и учеството на нашите сограѓани Игор Величковски-баритонсакс и Дејан Јовановски-гитара, допринесе да бидам презадовален како помина концертот.Им се заблагодарувам на моите обожаватели и публиката што одвои време да ја слушне мојата музика и што дојде во толкав број- рече Филип.

 Филип на албумот се јавува како продуцент, композитор и аранжер. Со тоа покажува дека станува збор за професионален и успешен тромбонист, кој вложил многу труд во својот прв албум. Тој е студент во класата на проф.Кирил Рибарски во Штип.

Во средно училиште обожавав да свирам клавир и вечерва се претставив на публика и со мојата "прва љубов". Тромбонот е специфичен инструмент, доста тежок и редок, затоа бара време и упорност, но јас се пронајдов во него - тврди Филип.

Во наредниот период Филип има закажано неколку концерти низ Македонија и странство од кои посебно ги издвојува концертот на 13 мај во Штип, настапот на Кавадаречко културно лето и најверојатно на Кумановското културно лето.

Филип Стевановски ја освои публиката

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk