Мени

Гоца Тржан се разведува

21.06.2011 13:33 | KumanovoNews

Како што пренесуваат српските медиуми, Гоца Тржан се разведува. Нејзиниот сопруг Иван Маринковиќ го напуштил заедничкиот дом и се преселил кај родителите.

Гоца Тржан се разведува

Навистина го напуштив домот. Се преселив кај родителите и тоа е се што имам да ви кажам. За се останато побарајте ја Гоца, верувам дека како до сега ќе биде расположена да зборува се за нејзиниот живот - изјавил Иван за медиумите.

Ниту пријателите не ја знаат точната причина за разводот, меѓутоа Иван е разочаран од однесувањето на Гоца, па неодамна и изјави дека наместо кариерата, детето треба да и е на прво место.

Иван и Гоца беа четири години во брак, и ја имаат тригодишната ќерка Лена.