10. 02. 2010 14:34

Кејт Винслет и Марион Котијар заедно во филмот „Зараза“

Кејт Винслет и Марион Котијар заедно во филмот „Зараза“

Актерките Кејт Винслет и Марион Котијар ќе играат во новиот акционен трилер на Стивен Содерберг „Зараза“.

Британката и французинката ќе играат во филм каде што се работи за група луѓе соочени со смртоносна заразна болест.

Освен двете оскаровки во филмот ќе глумат и Мет Дејмон и Џуд Лоу.

Винслет  минатата година освои оскар за улогата во „Читачот“,  додека Котијар година дена порано наградена за „Живот во розево“.

Содерберг во момент го снима филмот „Клео“ модерната обработка на приказната за кралицата Клеопатра.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk