×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Концерт на Влатко Стефановски на Градскиот плоштад

    30.05.2012 14:39 | KumanovoNews

     Најдобриот македонски гитарист Влатко Стефановски,  во петок вечер ќе одржи концерт на Градскиот плоштад во Куманово.

    Концерт на Влатко Стефановски на Градскиот плоштад

    Концертот ќе започне во 21 часот и ќе трае два часа. Пред настапот на Стефановски ќе пее Боби Серафимовски со неговиот бенд, а како гост- изненадување ќе биде кумановецот Филип Стојановиќ-солист на труба.

    Концертот го организира Општината Куманово по повод добивањето на големата награда во Париз за културни достигнувања.

    Концертот е наречен „Културна ренесанса во европско Куманово„, а претставува заокружување на она што го работеше во изминатиот периот Секторот за култура и Фондацијата за култура со подршка на градоначалникот и Советот на Општината. Изминатиот период беше една успешна приказна со која најавуваме поголеми културни содржини и настап на големи музички имиња во текот на летото- вели Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура.

    На концертот ќе биде прикажан видео матерјал од манифестацијата и примањето на наградат во Париз, а градоначалникот ќе додели награди на најуспешни културни работници во градот.