17. 02. 2010 15:05

Кумановски мачки на струмичкиот карневал

Кумановски мачки на струмичкиот карневал

Куманово преку Средното земјоделско училиштето „Киро Бурназ“ имаше свој преставник на годинашново издание на струмичкиот каренвал. Девојките облечени и нашминкани како мачки во сценскиот настап се умилкуваа на „господата“ со шешири кои ги илустрираа бизнисмените.

Нивната намера била да ги покажат девојките и жени кои како мачки се однесуваат кон богаташите и на тој начин ги остваруваат своите цели. Не конкретизираа дали кумановки се  такви, но мјаукаат како вистински мачки.

Кумановци беа само едни од 2500-тината маски од земјава и странство што продефилираа на струмичкиот карневал, кој го следеа околу 30 илјади посетители до земајава и странство. Ниту дождот не ги поколеба струмичани да останат верни на традицијата и да ги покажат своите креации кои годинава блескаа и покрај обилните врнежи од дожд.

Кумановски мачки на струмичкиот карневал

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk