Краделе метални предмети од помошен објект на касарна, полицијата ги привела
28.11.2026 14:57
| KumanovoNews
Две лица се приведени затоа што одзеле метални предмети од помошен објект на касарна во Куманово.
„Вчера во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода две лица, на возраст од 36 и 37 години, од кумановското село Романовце, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден заедно со уште едно машко лице влегле во помошен објект во склоп на касарна во Куманово и одзеле повеќе метални предмети. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.