Мени

Лејди Гага ќе ги расплаче критичарите

19.04.2011 15:09 | KumanovoNews

Лејди Гага решила да се пресмета со сите кои ја критикуваат нејзината музика и стајлинг, со што им порача дека ќе ги расплаче.

Лејди Гага ќе ги расплаче критичарите

Да ви кажам јас на вас нешто. Ќе ја извадам периката од глава, чевлите, градникот и се што имам на телото, ќе земам клавир, микрофон и е..но ќе ве расплачам - порача лутата пејачка на која и здосадило да ги слуша критиките на нејзина сметка.

Таа тврди дека нејзината музика допира до луѓето и дека е небитно како таа на сцената изгледа.

Чувствувам дека константно испитуваат која сум јас. Јас бев отворена по тоа прашање, а никој нема идеја која сум - додава Гага.

Пејачката моментално е на мета на верските групи поради своите планови да новиот видео спот за песната „Јудас“ го пушти на Велигден.