×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Налепница“ и Сашко Коцев останаа без номинација за Оскар

    12.02.2021 09:32 | KumanovoNews

    Македонските филмови останаа без можност оваа година да се борат за најпрестижната статуетка во индустријата.

    „Налепница“ и Сашко Коцев останаа без номинација за Оскар

    Американската филмска академија, деновиве ја објави пошироката листа, додека конечните номинации ќе бидат познати во понеделник.

    Краткометражниот филм „Налепница“ на Георги Унковски, а со главна улога на Сашко Коцев, со победата на фестивалот „Ин д палас“ во Софија, Бугарија се квалификуваше во трка за номинација, но за жал не влезе во потесниот круг.

    Од македонските долгометражни филмови, номинација за Оскар не обезбеди ниту „Врба“, дело на легандарниот Милчо Манчевски.

    Домаќин на годинешната церемонија за доделување на наградите ќе биде Лос Анџелес, на 25 април.

     (Д.Д.)