Мени

Нино и „Кумановски тамбураши„ за Велигден во Канада

15.03.2010 07:39 | KumanovoNews

 Фолк-пејачот Нино Величковски и неговите „Кумановски тамбураши„ за велигденските празници ќе гостуваат во Канада. На покана на Кумановското друштво на иселеници во Торонто,од 25 март до 7 април ќе престојуваат во Торонто.

Нино и „Кумановски тамбураши„ за Велигден во Канада

 -Место дома, велигденските јајца ќе ги вапсаме со нашите иселеници. Имаме закажано два концерта, а можеби ќе има уште два и сите ќе бидат во Торонто. На наше големо задоволство ќе ја презентираме нашата македонска, а пред се кумановската песна. Задоволството е поголемо што првпат заедно одиме преку барата. „Кумановски тамбураши„ не биле досега, додека јас бев пред 20 години, па сега. Се што работевме заедно во предходните 7 години, ќе имаме можност да го претставиме пред нашите иселеници, вели Нино.

 Нино чека виза и за Австралија, каде со неговата колешка Анета Наковска еден месец треба да гостуваат во седум градови. Турнејата е предвидена од почетокот на мај.