Мени

„Пипл„ ја прогласи Џенифер Лопез за најубава жена на светот

13.04.2011 19:15 | KumanovoNews

  Американскиот магазин „Пипл„ и ја додели титулата најубава жена на светот на актерката и пејачка Џенифер Лопез.

„Пипл„ ја прогласи Џенифер Лопез за најубава жена на светот

Лопез(41) се нашла на врвот на листата објавена во специјалното, дупло издание на весникот.

Таа оваа титула ја понесе по актерките Хали Бери и Џенифер Гарнер, пејачката Бијонсе, пренесе АП.

„Среќна сум и горда на титулата затоа што немам 25 години„, рекла Лопез.