Мени

Се е подготвено за концертот на Џиновиќ

09.11.2010 12:06 | KumanovoNews

 Босанската ѕвезда Харис Џиновиќ утре попладне ќе пристигне во Куманово за големиот концерт на  Градскиот плоштад. Организаторите велат дека се е подготвено за одржување на големата журка.

Се е подготвено за концертот на Џиновиќ

Сите подготовки се при крај, го очекуваме Харис Џиновиќ со својот бенд  да пристигне во нашиот град околу 17 часот. Концертот почнува во 20 часот и ќе трае околу два часа. Се надевам дека дождот нема да ни го поремети планот и тоа ќе биде вистинско уживање  за нашите сограѓани. Затоа ги повикувам да дојдат во што поголем број, сите они кои го сакаат пеењето на Џиновиќ- вели Нино Величковски, директрот на Фондацијата за култура.

По завршувањето на концертот ќе следи спектакуларен огнеомет. КУманово оваа година на 11 Ноември прославива 491 година постоење и 66 години од ослободувањето.