Мени

Се спрема римејк на „Бони и Клајд“

26.07.2011 15:10 | KumanovoNews

Американскиот режисер Нил Бергер кој ги сними филмовите Илузионист и Безгранично, ќе сними нова верзија на приказната за Бони и Клајд.

Се спрема римејк на „Бони и Клајд“

Сценариото ќе го напише Шелдон Тарнер, а приказната ќе биде помалку романтична.

Првата личност која ќе бидне убиена од Клајд Бароу е неговиот цимер во затворската ќелија, кој го сексуално злоставувал, а Бони Паркер ќе бидне проститутка пред да појде во крвавата авантура со Бароу.

Парот е изрешетан 1934.во полициска заседа во Лузијана.

Филмот ќе се заснова на книгата на Џеф Грин „Go Down Together: The True, Untold Story of Bonnie and Clyde“. Озогласените криминалци би требале да ги играат Хилари Даф и Кевин Зегерс.