Мени

Селин Дион родила близнаци

24.10.2010 15:48 | KumanovoNews

 Во соопштението од болницата во Вест Палм Бич на Флорида, објавиле дека 42 годишната суперзвезда се породила во сабота попладне и на свет донела 2 момчиња.

Селин Дион родила близнаци

 Позната канадска пејачка Селин Дион се породила и на свет донела близнаци.Во соопштението од болницата во Вест Палм Бич на Флорида, објавиле дека 42 годишната суперзвезда се породила во сабота попладне и на свет донела 2 момчиња. Едниот е тежок 2,55 килограми, а вториот 2,38 килограми. Нивните имиња уште не се познати. Дион се породила еден месец порано од предвидениот термин. Таа на 18 октомври е префрлена во болница. Селин и нејзиниот сопруг и менаџер Рене Анжелил (68) веќе имаат едно дете деветгодишниот син Рене Шарл.