Синди Крафорд: Ги жалам денешните модели
Синди Крафорд важи за неприкосновениот супермодел во текот на осумдесетите и деведесетите, каде модната сцена била поинаква од денес.

Иако се наоѓа длабоко во петтата деценија од животот, Синди Крафорд може да застане рамо до рамо со многу помлади колешки.
Кога новинарите ја запрашаа што мисли за денешните модели, таа изјави дека ги сожалува.
Жал ми е за денешните манекенки бидејки за нив има се помалку работа. На сите насловни страни се глумици, пејачки, вистинската работа за манекенките е се помала - изјави Крафорд, која подоцна го прокоментира изгледот на денешните модели.
Во мое време нормалниот конфекциски број беше 38, а денеска е нула - додаде Крафорд.