27. 05. 2010 16:15

Шокантно слабеење на 50 Cent

Шокантно слабеење на 50 Cent
Раперот 50 Cent ги шокираше обожавателите со својот нов ковчест изглед. Хип-хоп ѕвездата на својот блог објави фотографии на кои се забележува драстичното губење на килограмите, неопходно за потребите на филмот Things Fall Apart.

 Музичарот,  кој стана актер игра фудбалер болен со рак. Автор на сценариото е самиот пејач, а приказната за главниот лик е базирана врз животот на неговиот пријател кој починал од истата болест.

50 Cent за филмската улога симна 24 килограми, што драстично го смени неговиот набилдан изглед. Во објавата, наречена „Шокантното слабеење на 50 Cent“ истакна „Симнав 24 килограми. Гладував“.

Раперот успеал да ги симне килограмите благодарение на течната диета и со три часа вежбање на лента за трчање. 

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk