Вуди Ален нема компјутер а и не знае што е „твитер“
Американскиот режисер Вуди Ален откри дека нема компјутер и дека не знае што е тоа „твитер“.

Немам компјутер. Не сум човек кој е склон кон геџетите - изјави за Ален, и додаде дека сеуште сценаријата ги пишува на машина за пишување.
Не знам ни што е „твитер“. За „фејсбук“ чув, бидејки го гледав филмот кој ми се допадна. Имам и свој сајт кој никогаш во животот не сум го видел нити знам како функционира ниту зошто служи - додаде Ален.
Режисерот изјави дека има мобилен телефон, кој го користи за разговор.
Јас сум како оние старци кои на далечинскиот управувач користат две копчиња, да го уклучат и исклучат телевизорот - на шега додаде познатиот режисер.