Мени

Загина пејачот Луис

31.07.2011 13:40 | KumanovoNews

 Популарниот српски пејач Љубиша Стојановиќ (59), попознат како Луис загинал утрово околу 5 часот во сообраќајна несреќа  во близина на градот Врбас, соопштуваат српските медиуми.

Загина пејачот Луис

Пејачот настрадал во верижен судир во кој има уште еден загинат и уште неколку повредени.

Луис загинал на лице место, а неговите тројца соработници кои биле со него во колата се полесно повредени. Сеуште не се познати причините за несреќата.

Луис е роден  во Лесковац и се смета за основоположник на етно – поп музиката и меѓу првите започнал да комбинира џез со српскиот фолклор.

Со музика  се занимава од 1970 година, а прекарот го добил кога имал девет години затоа што успешно ги изведувал песните на Луис Армстронг.