80 општини со 357 проекти аплицирале на огласот на Владата за 100 милиони евра Вкупно 357 проекти на 80 Општини се поднесени на огласот за поддршка од 100 милиони евра, кој го распиша Владата за подобрување на инфраструктурата.
Питомци и старешини од Скопје и Куманово побарале лекарска помош со стомачни тегоби Вчера во раните утрински часови 20 питомци и двајца офицери на Центарот за обука на питомци се пожалиле на мачнина проследена со повраќање, соопшти Министерството за одбрана. Од нив во касарната Боро Менков во Куманово, четири лица се пожалиле на стомачни тегоби.
Изгласани се законските измени за линеарно зголемување на пензиите Собранието ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои што линеарно ќе се зголемат пензиите за 5.000 денари.
Приведен осомничен за кражба во Куманово Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 19.30 часот го привеле Г.Н. (36) од Куманово.
Полни очи празни торби - изгор цени на зеленчукот на пазарите во Куманово Црвената пиперка- ајварка се продава за 40 до 50 денари килограм на Зелениот пазар во Куманово, а најголем дел од продавачите не продаваат на мало, туку пресметките ги прават за кутија со тежина од 15 до 18 килограми.
Родители пријавиле дека од дома се одалечила нивната 14-годишна ќерка Во Кумановската полиција вчера било пријавено дека од дома се одалечило 14-годишно девојче.
Единаесет претстави на годинешните „Денови на комедија“ во Куманово Отворањето на „Денови на комедија 2024“ е закажано за 24 септември со претставата „Вечера за глупаци“ на Театар Велес, по што следуваат 16 фестивалски денови и 10 други претстави.
Од понеделник во аптеките ќе бидат достапни новите лекови од позитивната листа Во аптеките, од понеделник 16 септември, ќе бидат достапни деветте нови лекови кои се додадени на позитивната листа, кои ќе бидат на товар на Фондот за здравство.
Поправени се семафорите на „Октомвриска“ По повеќе од една недела денеска повторно работат семафорите на крстосницата на улиците „Октомвриска револуција“ и „Пионерска“ , по пишувањето на Кумановоњуз.
Сашко го носи и претставува Куманово каде и да оди, велат од Советот на „Денови на комедија“ за лауреатот Коцев (видео) Сашко Коцев (42) го доби признанието „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарска уметност, посебно во делот на комедиографијата, и стана лауреат на 27- тиот Меѓународен театарски фестивал „Деновите на комедија“ во Куманово.
Врнежите ги зголемија водостоите на реките Дождот што паѓаше во изминатите 48 часа предизвика зголемување на водостоите на реките низ земјава, но нема опасност од нивно излевање.
Реконструкцијата на малиот плоштад да заврши до 11 Ноември очекуваат надлежните Во девети месец влезе реконструкцијата на малиот плоштад во Куманово. Иако дел од градилиштето е одградено и поставена е урбана опрема, на другиот крај стои песок и цемент, што наведува дека престојат сериозни градежни зафати, и нема изгледи дека наскоро ќе заврши.
Неколку населби и повеќето села во Куманово и Старо Нагоричане утре без струја Прекин во снабдувањето со електрича енергија утре 12 август ќе имаат потрошувачите на неколку населби и речиси во сите села во општините Куманово и Старо Нагоричане.
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Куманово - Крива Паланка Во 18:15 часот сообраќајот на регионалниот патен правец Куманово – Крива Паланка е нормализиран во двата правци.
Во прекин сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка Регионалниот патен правец Куманово – Крива Паланка, поради сообраќајна незгода помеѓу товарни моторни возила е во прекин до траење на увидот, соопшти АМСМ.