Приведен кумановец кој се коцкал со фалсификувани евра На 14 август, во 16.50 часот едно лице од село Лопате е приведено откако во казино се обидело да размени фалсификувана банкнота од 100 евра.
Стојановски: Дефектните возила и топлотниот бран создаваат слика за нередовно изнесување на ѓубрето во градот Вработените во „Чистота и зеленило“ работат со максимален капацитет за одржување на хигиената на градот, но дефектите на возилата, мерките на владата за заштита на населението од топлотниот бран и за 40 проценти зголемениот обем на работа создаваат слика дека нередовно се изнесува сметот.
Студентите можат да аплицираат за субвенционирање на студентски оброк Од денеска започна аплицирањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година, а завршува заклучно со 5 септември. Пријавувањето се одвива он-лајн и важи за сите додипломски студенти запишани на приватните и државните универзитети во земјава.
На листата на чекање 334 барања, новозапишани се 124 дечиња во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово Во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово во јули се новозапишани 124 дечиња, со што моменталната бројка на оние на кои им е обезбедена ова услуга за наредната учебна година е 1768 деца од предучилишна возраст. На листата на чекање се наоѓаат уште 334 барања.
Седат Зулбеари назначен за директор на Здравствен дом Куманово Седат Зулбеари е назначен за ВД директор на Здравствен дом Куманово. Тој по професија е економист, магистер по финансии, а на функцијата доаѓа од приватниот сектор.
Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток Владата ја разгледа и усвои информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за четврток.
Концерт на „Д Солушн“ пред Центарот за култура во Куманово Бендот „Д Солушн“ вечерва ќе се одржи концерт на платото на Центарот за култура со почеток во 20.30 часот. Групата ќе изведе популарни и добро познати поп-рок хитови од светската, регионалната и домашната музичка сцена.
Без струја делови од градот и повеќе села Денеска и утре без струја ќе бидат делови од градот и повеќе кумановски и липковски села.
Инфлацијата во јули повисока за 0,7 проценти во однос на претходниот месец Трошоците за живот во јули ја зголемиле инфлацијата за 0,7 проценти во однос на претходниот месец од тековната 2024 година, според податоците на Државниот завод за статистика.
Водоснабдувањето во Куманово без проблеми, но граѓаните да ја рационализираат потрошувачката, велат од „Водовод“ Населбата Долно Којнаре и улиците Никола Тесла и Јоско Илиевски се „црни точки“ во Куманово што се однесува до притисокот на вода во мрежата, информираат од ЈП „Водовод“.
Северина ќе пее за денот на градот во Крива Паланка Балканската ѕвезда Северина ќе пее на Градскиот плоштад во Крива Паланка на 28 август, по повод празникот „Свети Јоаким Осоговски“.
Горивата поевтинуваат за половина и 1,5 денари за литар Малопродажните цени на еуросупер БС-98 и на еуродизел (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, Еуросупер БС-95 поевтинува за еден денар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто.
Кумановец паднал во бунар длабок 15 метри, го извадиле пожарникарите Маж на возраст над 60 години вчера паднал во бунар со вода во кумановската населба Карпош. Несреќата се случила околу 13 часот, по што интервенирала Територијалната противпожарна едница од Куманово.
(ВИДЕО интeрвју) Сашко Митовски, градоначалник: Културната и туристичката понуда клучни за иднината на младите на Крива Паланка Поставивме нови стандарди во културниот живот и промоцијата на културното богатство за привлекување туристи и посетители во градот, што индиректно значат поддршка за младите и подобрување на квалитетот на нивниот живот.
Поради топлотниот бран до среда се ослободени од работа бремените жени и лицата над 60 години Oд Владата Владата соопштија дека одлуката е донесена по информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи.
Сватови оштетиле автомобил и сакале да го тепаат возачот поради недоразбирање во сообраќајот Жител на селото Матејче, општина Липково, вчера бил нападнат од неколку лица кои биле на свадба, поради недоразбирање за сообраќаен прекршок.