×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на дела од 37- та Меѓународна ликовна колонија "Св.Јоаким Осоговски"

    27.06.2023 15:39 | Жаклина Цветковска

    Во галеријата на Осоговскиот манастир синоќа беше отворена изложба на создадените уметнички дела од учесниците на 37-та Меѓународна ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“, која традиционално се одржува во овој манастирски комплекс кај Крива Паланка.

    Изложба на дела од 37- та  Меѓународна ликовна колонија "Св.Јоаким Осоговски"

    На изложбата се поставени 24 дела од уметници од Швајцарија, Турција, Словенија, Полска, Бугарија и Македонија, кои ќе ќе останат во на богатата збирка на една од најреномираните ликовни манифестации во земјава и вo регионот.

    „Осоговската ликовна колонија  ги промовира општината и македонската уметност и култура, размената на културите и креативните енергии , а секој уметник остава белег на творештвото од земјата од која потекнува, сепак, но оттука носи и  впечатоците за нашата уметност и нашата земја, кои се промовираат во меѓународни рамки“, истакна  претседателот на здружението Стевче Ристовски.

    Создадените дела се инспирирани од прекрасната природа и духовноста на манастирот, а колонијата се организира со поддршка на Министерството за култура, Општина Крива Паланка и МПЦ-ОА.

    Изложбата ја  отвори секретарот на Општина Крива Паланка, Мартин Николовски, кој рече дека чест е да се биде дел од завршниот настан на манифестацијата на која творат еминентни ликовни уметници од различни европски држави.

    „Во овој прекрасен амбиент секој човек пронаоѓа инспирација за своето творештво, па така и овогодинешните дела се уникатни. Искрено очекувам дека сите вие ќе понесете пријатни спомени и искрени емоции кои ќе ве врзуваат со ова место и со оваа манифестација и дека повторно, во годините кои доаѓаат, ќе бидете составен дел од неа“, рече Николовски.

    Изложбата од најновото издание на колонијата ќе биде поставена и во повеќе други градови низ државата.