×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотопортрети „И јас сум тука“во Центарот за култура во Крива Паланка

    23.11.2022 11:43 | KumanovoNews

    Изложба на фотопортрети „И јас сум тука“ на авторите Тоше Огњанов и Сребра Ѓорѓијевска ќе биде отворена утревечер (24 ноември),  во 19 часот, во Центарот за култура во Крива Паланка. Изложбата вклучува портрети на 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од Македонија на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени на нив.

    Изложба на фотопортрети „И јас сум тука“во Центарот за култура во Крива Паланка

    На настанот ќе бидат промовирани и книгата „И јас сум тука“, во која се сместени сите приказни на луѓето-учесници на изложбата, како и книга со цитати на актерите од театарот „Глада Худик“ од Шведска во македонскиот превод на „Не престанувајте да се гушкате“ од Оса Емрот. Во Europe House во Крива Паланка,пак, ќе биде прикажан  документарниот филм „Модна ревија: Од ‘Глада Худик’ до Њујорк“ во режија на Јохан Ског, популарен филм во Шведска во кој учествуваат актерите од театарот „Глада Худик“, на кои им се остварува животниот сон да учествуваат на модна ревија во Њујорк.

    „И јас сум тука“ е дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, чиј иницијатор е театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска, со поддршка на Шведскиот институт. Во Шведска се спроведува од 2014 година и дава  одлични резултати во борбата против предрасудите, а во Македонија се спроведува од 2020 година. Здружението на граѓани за поддршка на лицата со посебни потреби „Солем“се вклучи во проектот за што повеќе деца во земјава да бидат опфатени преку активностиреализирани во училиштата, а  годинава  партнер во реализацијата на овие работилници е здружението „Дајте ни крилја“ и Ребека Јанковски-Ристески.

    И јас сум тука“ е едно големо патување и за нас. Се роди од потребата да зборуваме гласно за луѓето што се меѓу нас, а кои понекогаш се правиме дека не ги гледаме, ниту сакаме да ги слушнеме. Да зборуваме гласно и без грутка во грлото за луѓето што само сакаат да бидат поздравени, почитувани, сакани, да бидат дел од целото. Предрасудите лесно се создаваат, а тешко се надминуваат“ – велат авторите.

    Организацијата на изложбата и проекцијата на филмот во Крива Паланка се поддржани од општина Крива Паланка, НУ Центар за култура Крива Паланка, ЛУ Градски Музеј Крива Паланак и Europe House Крива Паланка.