×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Старо Нагоричане ја одбележа 78-годишнината од ослободувањето

    14.11.2022 14:48 | Сузана Николиќ

    Со свечена седница и доделување на Ноемвриски награди, Општина Старо Нагоричане го одбележа Денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор.

    Општина Старо Нагоричане ја одбележа 78-годишнината од ослободувањето

    Пред гостите - претставници на збратимените градови, од соседните општини во Североисточниот регион, АРМ, МВР, како и вработени во Општината и граѓани, на свеченоста се обрати градоначалничката Жаклина Јовановска, која истакна дека на овој ден им оддаваат почит на сите херои кои се вложиле во изградбата на државата и општината, но и на претците кои ги поставиле темелите на слободата и на рамноправноста. 

    „ Овој ден го посветуваме и на новите генерации, на кои сме должни да им обезбедиме подобар, поквалитетен и посреќен живот.  Kако потомци на народниот херој Христијан Тодороски Карпош и на учесниците на Првото заседание на АСНОМ, горди сме што на ова парче земја, се донесени најважните историски одлуки за државата. Горди сме и што оваа наша мала општина е лулка на културното наследство, препознатливо во светски рамки. Затоа како локална власт имаме обврска неуморно да работиме и да се бориме со сите предизвици за да создадеме сигурен и просперитетен живот на секој поединец кој живее, работи и создава овде. Наша главна цел е подобрување на локалниот економски развој, со стратегија за одговорна, посветена и сериозна работа, која ќе овозможи подем на сите полиња во општината“, кажа во своето обраќање Јовановска.

    Пред присутните се обрати и претседателката на Советот Сашка Крстевска - Павловска, а беа доделени и традиционалните награди „11 Ноември“ за 2022 година.

    За најдобар земјоделец е прогласен Дарко Арсовски од с. Младо Нагоричане- маала Трендајловци, за најдобар сточар Убавка Каранфиловска од с.Драгоманце, за најдобар полицаец од ПО Старо Нагоричане Зоран Величковски од с.Старо Нагоричане, за најуспешна фирма Јавното комунално претпријатие „Козјак“ од Старо Нагоричане, за најуспешен наставник Габриела Пешевска од ООУ „Светозар Марковиќ“- Старо Нагоричане и награда за истакната работа доби Територијална противпожарна единица на Старо Нагоричане.

    Награда за посветеност добија и талентираните ученици: Даница Стоевска, Тамара Даиловска, Петар Цветковски, Ивона Петровска и Драгана Јовановска.

    Во категоријата спортист за најдобар е прогласен  Леон Милетиќ с.Алгуња.

    На прославата беше прикажана и видео презентација за достигнувањето на Општина Старо Нагоричaне во последната година.

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk