×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Познати пејачи и групи ќе настапат на Златни денови во Кратово

    05.07.2023 15:04 | Жаклина Цветковска

    На 7 и 8 јули во Кратово ќе се одржи фестивалот „Златни денови Кратово 2023“ со богата културно-уметничка програма  и настап на  врвни македонски естрадни уметници од народната и рок-поп музиката.

    Познати пејачи и групи ќе настапат на Златни денови во Кратово

    Првиот фестивалски ден, 7 јули, започнува во 20 часот, а ќе настапат Благица Павловска, Горан и Ленче Кукиќ , Елена Андоновска, Јордан Митев, Душко Георгиевски и Елена Јовческа, придружувани од оркестарот на Мерак Меана, Скопски Боеми и Браќата Нуне, како и Кратовските тамбураши, Етно состав Мелем и Драган Темелков – Џони.  Ексклузивно,  Јордан Митев на оваа фестивалска сцена ќе ја промовира својата нова песна и спотот кој е снимен токму во Кратово.

    Втората вечер, на 8-ми јули, посетителите ќе ги забавуваат познатите пејачи и групи  од македонската поп - рок сцена како Ламбе Алабакоски, Нокаут, Суперхикс, Некст Тајм,  ДиЏеј Ерик Фокс и Рок бендот Д’фендерс, кои  се гаранција за незаборавна саботна фестивалска вечер.

    Фестивалот Златни денови Кратово 2023 е приказна која започнува во 2014-та и од тогаш до денес има за цел да ги сплоти, не само кратовчани, туку и сите љубители на убавата музика и одличната забава.

    Манифестацијата  е одлична можност публиката да се запознае и со историјата на градот на кулите и мостовите - Кратово и да ужива во прекрасната музика, кратовските гурмански специјалитети и одличната забава.