“Чистота“ победи на турнирот “Слога 2012“
01.08.2012 08:55
| KumanovoNews
Турнирот во мал фудбал во селото Умин Дол заврши синоќа.

Победник е екипата на јавното претпријатие “Чистота и зеленило“, а на второ место “Мастершпед“. Трето пласирани се фудбалерите од “Ајдучка чешма“.
На најдобрите екипи им беа доделени пехари и парични награди.
На турнирот учествуваа дваесетина екипи од кои три од Скопје, а останатите се кумановски тимови.
Во градот годишно се оддржуваат околу дваесетина турнири во мал фудбал.