Денот кога Милан плачеше: простувањето на Инзаги, Гатузо, Неста и Сидорф
15.05.2012 13:49
| KumanovoNews
Недела 13.мај е ден кој ќе остане запаметен во историјата на фудбалот кога четири легенди на Милан, Филипо Инзаги, Џенаро Гатузо, Алесандро Неста и Кларенс Сидорф се простија од омилениот дрес. Го нема оној искрен навивач на росо-нерите кој не заплака после мечот со Новара.

„Домот на пензионерите“ во Милан се затвара. Тешко кој помисли дека толку играчи за последен пат ќе го облечат црно-црвениот дрес.
Победникот на мечот со Новара како да беше режиран филмски. Инзаги влезе во 67.минута а 15 минути подоцна, прими на гради пас од Сидорф и постигна гол во мрежата на ривалот.
Солзите не ги ни криеше легендарниот коментатор Тицијано Крудели.