Фудбалерите од Јагодина најдобри на турнирот во Речица
09.10.2014 09:08
| KumanovoNews
Екипата од Јагодина викендов победи на Меѓународниот фудбалски турнир\n во село Речица кој го организираше фудбалски клуб “Еуроспорт“ од \nКуманово.

За екипата која освои прво место доделивме пехар, а останатите добија медали. Гостинската екипа беше добро подготвена и тоа се покажа и со резултатот. На турнирот тие немаа пораз. Планираме да организираме уште вакви турнири во иднина - велат организаторите.
На турнирот учествуваа четири кумановски екипи и тоа „Куманово 2013“, „Еуроспорт“, „Рибари“, „Речица“ и гостите од Јагодина од соседна Србија. Целта е преку турнирот да се популаризира фудбалот како спорт меѓу младите.