Фудбалерите од Карпош најдобри во Пчиња
25.05.2012 08:06
| KumanovoNews
На турнирот во мал фудбал кој вчера се оддржа во селото Пчиња, по повод селската слава Спасовден, победи екипата од населбата Карпош.

На второ место е екипата од населба Ајдучка Чешма, а трети се фудбалерите од село Студена Бара. Првопласираните ќе добијат парична награда од 5.000 денари.
Се натпреваруваа десетина фудбалски екипи. Натпреварите почнаа во 10 часот и 30 минути, а завршија попладне во 16 часот. На играчите времето им се погоди. Турнирот на селското игралиште го следеа голем број луѓе.