Мени

Јелесиевиќ ќе замине во Работнички, ако го пушти Куманово

13.01.2012 16:23 | KumanovoNews

Информацијата што денеска беше пласирана во некои медиуми дека српскиот кошаркар Немања Јелесијевиќ, кој настапува за Куманово, ќе стане нов играч на Работнички, е новост за раководството во КК Куманово.

Јелесиевиќ ќе замине во Работнички, ако го пушти Куманово

Од клубот велат дека првпат слушаат за оваа информација и дека Јелесиевиќ има потпишано едногодишен договор со КК Куманово и истиот е нивен член додека управата не одлучи поинаку.

Во првиот дел од сезоната, Јанаиевиќ  беше прв стрелец на Куманово со просек од 17 поени и нешто повеќе од шест скока по меч. Тој требало да биде замена за Јовановиќ во Работнички, кој на почетокот на оваа година ја раскинал соработката  со клубот од „Градски парк“.