КК Ѓуро Ѓаковиќ гостува во Куманово
06.11.2012 10:52
| KumanovoNews
Во третиот натпревар од регионалното натпреварување, екипата на Куманово утре во 19 часот го пречекува тимот на Ѓуро Ѓаковиќ.

Во Спортската сала во Куманово, домашната екипа ќе влезе како третопласирана со една победа и еден пораз. Гостите од Хрватска се втори на табелата, со една победа и два порази.
Табела: Галил Гилбоа 3-0 (победи-порази), Ѓуро Ѓаковиќ 1-2, Куманово 1-1, Морнар 0-3 и Левски 1-0.