КК: Навивајте спортски
15.02.2012 14:18
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово вечерва ги пречекуваат кошаркарите на МЗТ Скопје во спортската сала Куманово.

Поради најновите случувања во кошарката, првите луѓе од спортот апелираат до навивачите да се однесуваат фер и коректно кон гостинската екипа, и со нивното однесувања да бидат пример како се подржува спортот.
Ги повикуваме навивачите да навиваат спортски и коректно, да ги бодрат нашите кошаркари, но да не ги провоцираат гостите. Да останеме достоинствени и да покажеме како треба и другите да се однесуваат кон гостинските екипи- велат организаторите.
Натпреварот започнува во 19 часот.