КК Струмица гостува во Куманово
07.12.2012 12:06
| KumanovoNews
Во рамките од седмото коло, кошаркарте на Куманово утре во 19 часот ја пречекуваат екипата на Струмица.

Двете екипи имаат ист број на бодови, и заедно со Кожув се наоѓаат на делба на втората позиција.
Екипата на Струмица е предводена од двата домашни играчи Ефтим Богоев, Златко Гоцевски а тука се и Александар Јевдиќ и довчерашниот играч на Куманово, Милан Јањушевиќ.
Куманово против Струмица ќе треба да ја докажува непобедливоста на домашен терен, а треба да се земе во предвид дека тимот на Струмица секогаш е незгоден противник за кумановчани.
Натпреварот ќе се одигра утре во Спортската сала во Куманово, со почеток во 19 часот.