Кошаркарите во недела гостуваат во Битола
30.11.2012 12:30
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово во недела и гостуваат на екипата на Пелистер Спорт од Битола.

Екипата на Пелистер сеуште нема забележано победа во досегашниот дел од првенството и се наоѓа на последната позиција на табелата. Дури пет екипи имаат резултат од три победи и два пораза, меѓутоа Куманово има најлоша кош разлика па се наоѓа на шесттата позиција. Прв е Фени Индустри со четири победи и еден пораз.