Крав Мага врши упис на нови членови
13.09.2012 11:18
| KumanovoNews
Спортскиот клуб за боречки вештини Крав Мага - самоодбрана врши уписи на нови членови. Заинтересираните можат да се запишат секоја сабота и недела од 9:30 до 11 часот во спортската сала на економското училиште.

Боречкиот клуб обезбедува и два тренинга месечно во приорда, кои се корисни за вештината а обезбедуваат дружење и зближување на членовите. Последниот дводневен тренинг на отворено е одржан на први и втори септември во планинарскиот дом Длабочица.
Оваа боречка вештина е развиена во Израел, и се применува за самоодбрана и спречување на улично насилство.