„Крос сајклинг“ од Куманово шампион во планински велосипедизам во државата

24.12.2020 12:08 | KumanovoNews

Велосипедскиот клуб „Крос сајклинг“ од Куманово, по само три години постоење, годинава се најде на првото место од ранг листата на Велосипедската федерација во планински велосипедизам на клупско ниво, со најмногу освоени бодови.

„Крос сајклинг“ од Куманово шампион во планински велосипедизам во државата

Во категоријата сениори, Борис Стефановски е првопласиран, додека Кристијан Ивановски го свои второто место исто како и претседателот Емил Цветанов.

Во категоријата кадети на прво место се пласираше велосипедистот Дарко Василевски, додека пак од жените Андријана Анастасовска го освои првото место. Во генералниот пласман, велокрос сениори Емил Цветанов го освои првото место, од јуниорите Борис Стефановски второ место и од жените Андријана Анастасовска второ место.

Претседателот Емил Цветановски вели дека постигнатиот успех се должи на нивната дисциплина при работата, мотивираноста и изградбата на првиот Велосипедски центар.

„Оваа година, станавме шампиони во дисциплината маунтенбајк, а второ пласирани во дисциплината циклокрос. Успехот којшто го постигнуваме не само оваа година, туку и минатите години, се должи на дисциплина, голем труд и голема мотивираност на самите натпреварувачи“ додаде Емил.

Од клубот додаваат дека во наредната година ќе се сконцентрираат кон одржувањето на квалитетот на членовите, но и кон создавање на нови квалитетни велосипедисти.

Велосипедскиот клуб „Крос сајклинг“ од Куманово, брои околу дваесетина членови, меѓу кои има и жени.

(Ф.М.)

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk