Кумановчанки преслаби за Вардар
13.10.2012 15:13
| KumanovoNews
На денешниот натпревар од 4-тото коло на натпреварувачката сезона, Кумановчанки беа убедливо поразени од екипата на Вардар од Скопје со резултат 23-32.

Како домаќини на натпреварот, ЖРК Куманово не беа доволно спремни за да го совладаат противникот, кој достојно се бори да застане на второто место на табелата.
На полувреме резултатот беше 13-17.
Следниот натпревар нашите ракометарки го играат на гостински терен против екипата на Кичево.