×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец вицешампион во мотокрос за 2020

    25.11.2020 08:03 | KumanovoNews

    Даниел Јаневски од Куманово се закити со вицешампионска титула за 2020 година во државата, откако освои второ место во класата МХ на третата трка од Македонскиот шампионат во мотокрос, кој оваа година се одржа во Битола.

    Кумановец вицешампион во мотокрос за 2020

    Јаневски е дел од Мотокрос клубот „Гевгелија“, а за неговиот успех вели дека е резултат од редовни тренинзи, соработката со клубот и љубовта кон овој спорт.

    „Веќе две години активно се занимавам со овој спорт, претходната година освоив трето место, а оваа година второ. Презадоволен сум и од себе и од клубот, затоа што за постигнатиот успех сме заслужни заедно, а до резултатот секако се доаѓа и со максимални тренинзи кои ги правиме секоја недела“, вели  Јаневски.

    Тој додава дека на негова иницијатива во моментот Општина Куманово ја разгледува можноста да се направи мотокрос патека, која ќе биде на високо ниво и изработена според високи стандарди, а ќе ја финансира приватна компанија.

    (Ф.М.)