×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово го совлада Работнички

    02.11.2011 21:27 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово ја забележаа втората победа во првенството, овојпат против лутиот ривал Работнички од Скопје. Во преполната Спортска сала во фер и коректна атмосфера, Куманово беше подобар противник и славеше со тесен резултат 73:72. 

    Куманово го совлада Работнички

    Натпреварот беше неизвесен до последната секунда, и покрај слободните фрлања на Диме Тасовски, гостите не успејаа да го расипат резултатот на домаќините.

    Кумановчани добро го започнаа натпреварот, и успејаа да направат разлика од 5 поени во првата четвртина. Работнички фати приклучок во втората четвртина, па натпреварот до крајот се играше кош за кош. Играта два на два на Јане Петровски и Брендон Кол беше нерешлива енигма за одбраната на Куманово во првото полувреме. Куманово одговор имаше во разиграната центарска линија Јелисијевиќ - Микиќ.

    Натпреварот продолжи да се игра во исто темпо. Куманово ги затвори бековите на Работнички, кои неможеа да поентираат како во првиот дел, па Тасовски со неколку тројки го одржуваше Работнички во живот. Микиќ продолжи да го полни кошот на гостите, а во ритам влезе и Александар Костовски кој изигра одлично до крајот на натпреварот, и им ја донесе победата на кумановчани.

    Најефикасен на натпреварот беше Дејан Микиќ со 21 поен, па  Александар Костовски  и Немања Јелисијевиќ постигна по 18.

    Кај гостите Брендон Кол постигна 21 поен, а Тасовски и Ефтим Богоев постигнаа 13 поени.

    Битно е да се забележи дека на натпреварот не настапи најдобриот играч на Куманово, Милан Јанушевиќ поради повреда.

    Оваа е голема победа за нашиот тим, стручниот штаб, публиката, спонзорите и за сите луѓе кои веруваат во нас, и вложуваат во кошарката. Ова едноставно е успех на цело Куманово. Се работеше за психолошки тежок натпревар, каде се играше кош за кош, но ние покажавме дека можеме да издржиме и такво темпо. Ние сме млад тим и вложуваме многу во нашата игра, тренираме и по 5 часа дневно, поради што веруваме дека успехот нема да изостане и ќе се пласираме во Супер лигата - изјави по натпреварот тренерот Љубисав Луковиќ.

    Тој упати честитки и до тимот на Работнички за фер играта и спортскиот респект на целиот натпревар, најави дека ги чека уште еден тежок натпревар против екипата на Фени.