28. 10. 2020 10:32

Нов успех на младите пингпонгари на Куманово

Нов успех на младите пингпонгари на Куманово

Членовите на пинг понг клуб „Куманово“ забележаа нов успех и се пласираа во финалниот дел од јуниорската лига на квалификационите натпревари. Тие остварија две победи и еден пораз и како второпласирана екипа продолжува со натпреварувањата.

„И покрај сите потешкотии со кои се сретнуваме во оваа време на пандемија, со неможноста за континуиран тренажен процес, овој резултат е значаен за мојата екипа составена од кадети кои витешки се бореа со 3-5 години повозрасните пингпонгари од другите екипи во нашата група. Забележавме две победи и еден пораз и како второпласирани продолжуваме понатаму. Им благодарам на моите пингпонгари за борбеноста и желбата што ја покажаа како треба да се игра и да се бори за својот клуб и град и кога се игра и со поискусен противник. Со пласман во финалниот дел на оваа натпреварување нашата овогодишна резултатска цел е постигната во потполност, – изјави Мики Трендафиловски, координатор и прв тренер на ППК „Куманово“.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk