Мени

Последен натпревар на ракометарките за оваа сезона

18.05.2012 12:14 | KumanovoNews

Во недела на гостински терен ракометарките на Куманово во Арена Сонце во Прилеп со почеток во 13 часот ќе го одиграат и последниот натпревар за оваа сезона против екипата на Жито Прилеп.

Последен натпревар на ракометарките за оваа сезона

Со победа против домаќинот Прилеп нашите ракометарки имаат загарантирано 5-то место на листата од плеј-оф натпреварите.

Гарантираме сигурна и цврста борба за победа. Ќе дадеме се од себе да го совладаме противникот и да го завршиме натпреварувањето како 5-то пласирани - изјави Габријела Трајковска, капитен на екипата.