Мени

Ракометарите го совладаа Тинекс Пролет

28.04.2012 18:46 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово остварија значајна победа на гостински терен совладувајки ја екипата на Тинекс Пролет. Куманово беше подобар противник, победувајки со резултат 17:23.

Ракометарите го совладаа Тинекс Пролет

Со оваа победа Куманово го зацврстува третото место на табелата и се наоѓа веднаш зад екипите на Вардар Про и Металург. Оваа позиција на табелата може на Куманово да му донесе и излез на Европската сцена следната сезона.