×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шампионот Фени пресилен за Куманово

    05.11.2011 20:32 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово загубија на гостувањето во Кавадарци со резултат 97:75.

    Шампионот Фени пресилен за Куманово

    Шампионот на Македонија успеја да направи разлика во првото полувреме преку расположените Фрај и Кнежевиќ, која подоцна ја одржуваше до крајот на натпреварот. Куманово не успеја да направи поголема серија со која би се приближил од 8 поени негатива и би го загрозил шампионот. Во последната четвртина Куманово губеше 11 поени, но Фени не препушти ништо на случајот и успејаа да ја дуплираат предноста до крајот на натпреварот.

    Кај победникот најефикасен беше Душан Кнежевиќ со 23 поени, Горан Самарџиев постигна 20, а Фрај и Соколов по 16 поени.

    Во Куманово најефикасен беше Дарко Матиќ кој постигна 28 поени, кој полека влегува во препознатливата форма. Слаб беше учинокот на Дејан Микиќ кој постигна 12 поени, Немања Јелесијевиќ го заврши натпреварот со 10 поени а Александар Костовски постигна само 7.

    Следниот натпревар Куманово го игра против екипата на МЗТ Скопје во Спортската сала во Куманово.