Србија и Бразил во финалето на Светското првенство
21.12.2013 10:08
| KumanovoNews
Репрезентациите на Бразил и Србија се финалистите кои ќе се сретнат на женскиот ракометен Мундијал кој што се игра во Србија.

Бразилките во полуфиналната средба вчера успешно ја поразија репрезентацијата на Данска со резултат 27:21.
За Кариоките ова е прво финале на едно Светско првенство.
Додека Србински до финална средба стигна преку победата над Полска со резултат 24:18.
Финалната средба на Мундијалот ќе се одигра утре во Српската престолница во "Комбанк арената" од 17.15 часот.
Натпреварот за бронзениот медал ќе биде одржан во 14.30 часот истиот ден.