Утре е светскиот ден на атлетиката
12.05.2012 11:30
| KumanovoNews
Атлетски митинг ќе се оддржи во недела на спортското игралиште кај Техничкото училиште „Наце Буѓони“.

Мажи и жени ќе се натпреваруваат во девет дисциплини и тоа скок во далечина, скок во височина, фрлање на ѓуле, трчање на 100, 200, 400 и 800 метри и друго. Настанот почнува во 11 часот и ќе трае до 13 часот и 30 минути. Со овие спортски активности ќе биде одбележан светскиот ден на атлетиката, 13.мај.