Утре Работнички гостува во Куманово
01.11.2011 11:33
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре во Спортската сала го пречекуваат еден од најголемите ривали во клубската историјата, екипата на Работнички.

Куманово утре ќе ја бара втората победа во сезоната против ривалот со кој скоро секогаш имал позитивен резултат на домашен терен.
Работнички исто така ќе ја бара втората победа во првенството, одкако службено загуби од Вардар, и ги загуби дерби натпреварите против Фени Индустри и МЗТ Скопје. Единствената победа ја имаат забележано против екипата на АБА Струмица.
Натпреварот ќе бидне пренесуван на Канал 5 телевизија во живо, а ќе започне во 17 часот.