Ван Нистелрој е стрелец на деценијата
15.12.2011 14:19
| KumanovoNews
Холанѓанецот Рут ван Нистелрој е најдобриот голгетер во последната деценија (2001 – 2010) во изборот што го направи Институтот за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

ИФФХС ги смета сите интернационални голови постигнати на сите официјални натпревари, на Олимписките игри, Светското клупско првенство, како и континенталните шампионати под покровителство на ФИФА
Листата на најдобри стрелци ја сочинуваатЧ
- Руд ван Нистелрој (Холандија) 86 гола
- Тиери Анри (Франција) 85
- Дидие Дрогба (БСК) 83
- Мирослав Клосе (Германија) 81
- Самуел Ето (Камерун) 79
- Флавио да Силва (Анг) 73
- Димитар Бербатов (Бугарија) 71
- Раул Гонзалес (Шпанија) 71
- Давид Виља (Шпанија) 68
- Андриј Шевченко (Украина) 68