ЖРК Куманово есенски првак во Женската супер лига

30.11.2020 14:37 | KumanovoNews

Со победата на ЖРК Стружанка, ракометарките на Куманово останаа на врвот од табелата на Женската супер лига.

ЖРК Куманово есенски првак во Женската супер лига

Женскиот ракометен тим на Куманово, иако го одигра натпреварот на гостински терен, сепак успеа да постигне победа со разлика од 9 гола, со резултат 25:34.

На натпреварот, најмногу гола освои  Мила Трајковиќ Мила-7, Ана Шарановиќ -6, Медеа Чокели-5, Александра Боризовска-4,  Тамара Ивановска -4, Ангела Јанкуловска-2, а по 1 интервенција забележаа  Бранкица Марковиќ, Наталија Пецанова и Нина Краљевски.

Катарина Митровиќ забележа 13 одбрани (1 седмерец), а Марија Јовановска 4 обрани (1 седмерец).

Во моментот ЖРК Куманово се наоѓа на врвот на табелата со 34 бода, односно 12 одиграни натпревари и 11 победи, веднаш по него се РК Чаир, а потоа и Вардар.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk