ЖРК Куманово гостува во Чаир, младинскиот состав игра дома во понеделник
11.10.2014 09:36
| KumanovoNews
После убедливата победа во првото коло против тимот на Кичево, ракометарките на Куманово гостува против тимот на Чаир.

Како и на секој натпревар, ЖРК Куманово ќе се обиде да го покаже својот квалитет, и оди на победа и на овој натпревар.
Овој викенд започнуваат и младинските лиги во женската ракометна лига.
Младинскиот состав на ЖРК Куманово во понеделник во 19 часот во салата на ОУ Христијан Карпош ќе игра против тимот на Ѓорче Петров. Оваа година, младинската лига е составена во една група од 10 екипи, што во старт ја прави поквалитетна во однос на предходните сезони.
Пионерите играат на гостински терен против тимот на Металург.