10 новозаболени во Липково, од вкупно 12 кои се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово
03.06.2020 16:04
| KumanovoNews
Од Центарот за јавно здравје на Куманово, кој ги покрива и општините Липково и Старо Нагоричане, информираат дека 10 од новозаболените и еден починат од коронавирус се од селата во Општина Липково, а двајца од Куманово.

Од вчера во Липково започна масовно тестирање на жителите, кои биле во контакт со заболените. Денеска се направени 70 тестирања.
Матејче и Слупчане се селата со најголем број на заразени.
Во Општина Липково досега со коронавирус се заразени 114 лица, од нив 50 се активни.